Студенти на Колумбија избркани од факултет поради учество во анти-израелски протести
- Колеџот Барнард, дел од Универзитет Колумбија во Њујорк, минатата недела избркал двајца студенти кои упаднале за време на предавање на класот Историја на современ Израел.

Вашингтон, 24 феврури 2025 (МИА) - Колеџот Барнард, дел од Универзитет Колумбија во Њујорк, минатата недела избркал двајца студенти кои упаднале за време на предавање на класот Историја на современ Израел.
Судентите, кои годинава требале да дипломираат, упаднале во предавалната со тапани, извикувале „слобода за Палестина“ и раздавале летоци со натпис „уништете го ционизмот“, држајќи слика од чизма над Ѕвездата на Давид, наведуват денеска дел од американските медиум.
Уште еден студент на Колумбија, кој исто така учествувал во протестот, сега е суспендиран со забрана за пристап до кампусот.
Про-палестинската коалиција во соопштение објавено на платформата Икс вчера ги осуди исклучувањата, нарекувајќи ја одлуката на Барнард „сериозна ескалација со задушување на студентскиот активизам“. Групата најави дека во одговор ќе одржи „недела на акција“ од понеделник до четврток. кб/