Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти
- Лицемерието на СДС излезе на виделина во Собранието, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ на денешната прес - конференција во Собранието што МИА ја пренесува интегрално.
- Post By Виолета Геров
- 15:24, 16 dhjetor, 2025
Скопје, 16 декември 2025
Лицемерието на СДС излезе на виделина во Собранието, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ на денешната прес - конференција во Собранието што МИА ја пренесува интегрално.
Откако устата им беше полна со наводни мигранти, кој ене ги чекале на граница, само што не дошле и што уште не излажаа, денес кога требаше да се дискутира во Собранието на таа непостоечка тема која тие ја отворија, тие го напуштија Собранието.
Не само што избегаа од темата, како маче од куче, туку и фамозната Резолуција која ја предлагаа во јавноста и устата пена им фати од говорење дека била најдобрата, ја немаат ниту поднесено во Собрание.
Ете толку треба да знаете за лицемерието на СДС. Пред камери едно, зад нив друго.
Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ која е поднесена и е на дневен ред, денес ќе биде изгласана и со тоа ја затвораме измислената тема од страна на СДС за наводни мигранти во Македонија.
Фото: Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ