• e hënë, 31 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба Стармер-Руте:: Америка има клучна улога во постигнување на примирје меѓу Русија и Украина

Средба Стармер-Руте:: Америка има клучна улога во постигнување на примирје меѓу Русија и Украина

Париз, 27 март 2025 (МИА) – Британскиот премиер Кир Стармер утринава во Париз се сретна со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, непосредно пред почетокот на состанокот на „коалицијата на подготвените“.

Во соопштението од Кабинетот на британскиот премиер се вели дека Стармер и Руте разговарале за продолжување на поддршката за Украина, согласни дека Европа мора да направи се за да ја одржи Украина силна и да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата истакнаа дека САД играат клучна улога во отворањето на патот за договор за прекин на огнот и ја повторија подготвеноста на Европа да поддржи траен и одржлив мир кога ќе дојде време.

Стармер ја повтори својата „непоколеблива посветеност на НАТО како основа на безбедноста“.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели со цел да се воспостават безбедносни гаранции за Киев како дел од можниот иден мировен договор со Русија, што се обидуваат да го постигнат САД, предводени од Доналд Трамп. јт/

Фото: ДПА

QËNDRONI TË LIDHUR