Средба на претседателката Сиљановска - Давкова со раководителот на центарот за напредни и постдокторски истражувања при УКИМ, проф. д-р Марина
- Претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова денеска остварила средба со проф. д-р Огнен Марина, раководител на Центарот за напредни и постдокторски истражувања при УКИМ.
![Средба на претседателката Сиљановска - Давкова со раководителот на центарот за напредни и постдокторски истражувања при УКИМ, проф. д-р Марина](https://mia.mk/images/20250210205030_big_730x400_29.webp )
Скопје, 10 февруари 2025 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова денеска остварила средба со проф. д-р Огнен Марина, раководител на Центарот за напредни и постдокторски истражувања при УКИМ.
Повод за средбата биле активностите на Центарот што функционира од 2023 година и чија основна цел е да ги поттикне напредните истражувања во областа на одржливиот урбан развој преку промоција на интегриран и мултидисциплинарен пристап.
Како што соопштија од Кабинетот на Сиљановска - Давкова, на средбата, проф. д-р Марина го образложила огромното значење на ваквите Центри за квалитетното образование и наука, презентирајќи успешни компаративни искуства од земјите на Европската Унија како и од земји од соседството.
- Неспорни се придобивките од ваквите центри и ние треба да ги ползуваме добрите практики, потенцирала проф. д-р Огнен Марина.
Образложувајќи ги плановите на Центарот, проф. д-р Огнен Марина информирала и за научниот семинар на тема „Политики за урбан развој“, што треба да се реализира годинава.
Претседателката Сиљановска - Давкова се заблагодарила за споделените информации, ја поздравила досегашната работа на Центарот, го потенцирала значењето на постдокторските истражувања и се заложила за понатамошно градење капацитети за поддршка на истражувачите и иновациите.
- Соговорниците се согласија дека постдокторските студии треба да бидат регулирани со Законот за високото образование, се додава во соопштението. цр/сст/
Фото: Кабинет на Претседателката на државата Гордана Сиљановска - Давкова