• e mërkurë, 12 mars 2025

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Азербејџан Бајрамов

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Азербејџан Бајрамов

Скопје, 12 март 2025 (МИА) - Во рамките на првата официјална посета на Баку, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов. Двајцата министри изразија задоволство од средбата, која е потврда за одличните билатерални односи помеѓу двете земји.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во фокусот на разговорите биле односите меѓу Република Северна Македонија и Република Азербејџан на билатерално и мултилатерално ниво.

Соговорниците изразиле задоволство од динамиката на нивниот развој и ги нагласија можностите за продлабочување на соработката, со акцент на економијата, инвестициите, трговската размена, енергетиката и туризмот.

Министрите заеднички потврдиле дека одличната политичка соработка помеѓу двете земји е силна основа за зајакнување на дипломатските и економските односи во наредниот период.

Како особено значаен аспект на средбата, министрите Муцунски и Бајрамов потпишале Договор за укинување на визниот режим за носители на дипломатски и службени патни исправи, со што се отвораат нови можности за олеснета комуникација и поблиска институционална соработка. сст/дма/

Фото МНРиНТ

QËNDRONI TË LIDHUR