• e mërkurë, 26 shkurt 2025

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ

Средба на министерот Муцунски со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ

Скопје, 26 феврураи 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ.

На средбата, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беа потврдени одличните билатерални односи и соработка меѓу двете земји кои се одвиваат во континуитет во областите од заемен интерес. Во овој контекст, беа разменети мислења за можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план.

- Соговорниците разговараа и за актуелните политички состојби во двете земји, како и нивната перспективата во процесот за интегрирање во Европската Унија при што се согласија дека проширувањето на Унијата ќе биде поттик не само за земјите од регионот, туку и суштински интерес за земјите-членки, се вели во соопштението. 

Министерот Муцунски ја потврди поддршката за европските и евроатлантските аспирации на БиХ, притоа потенцирајќи ја подготвеноста, за размена на искуства во оваа област. мд/ац/

Фото: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

QËNDRONI TË LIDHUR