• e enjte, 06 shkurt 2025

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска остварил средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, на која изразил подготвеност за поддршка и имплементација на новиот билатерален план за соработка со Австрија, што опфаќа широк спектар на активности од различни области.

- Ја цениме нашата заедничка соработка за која секогаш има простор за унапредување и развој.  Преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста, рекол Мисајловски, соопштија од МО.

На средбата, се наведува во соопштението, било заклучено дека преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста на поширокиот регион. цр/са/

Фото: Министерство за одбрана
 

QËNDRONI TË LIDHUR