• e diel, 06 tetor 2024

Средба на Меџити со новата постојана координаторка на ООН, Рита Колумбија

Средба на Меџити со новата постојана координаторка на ООН, Рита Колумбија

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити остварил прва средба со новата постојана координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија.

Кабинетот на Меџити информира дека теми на состанокот биле „двете претстојни конференции на Страните на Конвенциите за биолошка разновидност и за климатски промени“, како и останати прашања од заеднички интерес, за кои министерот Меџити информирал за текот на подготвителните и за активностите што претстојат.

-Министерот Меџити се заблагодари за досегашната соработка, додека постојаната координаторка Колумбија ја потврди подготвеноста на имплементирачките агенции на ООН за уште поголема вклученост во спроведувањето на политиките за здрава  животна средина. Таа ја нагласи приоритетноста на областа од аспект на идниот рамковен договор за соработка со Владата на Република Северна Македонија за периодот 2026-2030, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека двете страни се согласиле за потребата од синхронизиран пристап во програмирањето на Програмите на ООН со националните приоритети „заради повеќедимензионалноста на проблематиката и потребата од интегрирање на политиките за здрава животна средина во останатите секторски политики, со цел намалување на негативното влијание од климатските промени и влијанието врз биолошката разновидност“.

-Постојанaта координаторка на ООН Колумбија во неколку наврати ја потенцираше тимската работа, искуството и знаењето како препознаена вредност на Министерството, се наведува во соопштението од Кабинетот на првиот вицепремиер Меџити. хс/нд/

Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање

QËNDRONI TË LIDHUR