• e mërkurë, 13 nëntor 2024

Србија се усогласи со пет одлуки на ЕУ, но не и со мерките против лидерите на Придњестровје

Србија се усогласи со пет одлуки на ЕУ, но не и со мерките против лидерите на Придњестровје

Белград, 12 ноември 2024 (МИА)-Србија се усогласи со петте нови надворешнополитички одлуки на ЕУ, но остана единствената земја-кандидат за членство во ЕУ на Западен Балкан што не се усогласи со новата одлука во врска со рестриктивните мерки против лидерите на молдавскиот сепаратистички регион Придњестровје, јави дописникот на МИА од Белград.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на 11 ноември објави дека Србија не се усогласи со одлуката донесена од Советот на ЕУ на 29 октомври (ЗНБП) 2024/2782; што се однесува на продолжување на рестриктивните мерки против лидерите на регионот Придњестровје во Република Молдавија до 31 октомври 2025 година.

Со новата одлука на Советот на ЕУ освен Србија се усогласија сите други земји-кандидати за членство во ЕУ од регионот на Западен Балкан- Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина, што ќе обезбеди нивните национални политики да се во согласност со неа, а ЕУ ја „прима на знаење оваа обврска и ја поздравува“, се наведува во соопштението.

Србија се усогласи со петте нови одлуки на Советот на ЕУ кои се однесуваат на рестриктивни мерки поради ситуацијата во Мјанмар (Бурма), Нигер, Гвинеја, ДР Конго и Судан, наведе Борел во одделни соопштенија.

Сите други земји-кандидати за членство во ЕУ од регионот на Западен Балкан - Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина се усогласија со петте нови одлуки на Советот на ЕУ. об/

QËNDRONI TË LIDHUR