• e mërkurë, 13 nëntor 2024

Србија на рекордно ниво од 28 милијарди евра бруто девизни резерви (КРГ)

Србија на рекордно ниво од 28 милијарди евра бруто девизни резерви (КРГ)

Белград, 12 ноември 2024 (МИА)- Бруто девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) на крајот на октомври 2024 година изнесуваат 28.288 милијарди евра, што е највисоко ниво на бруто девизни резерви досега, забележано на крајот на месецот. Во однос на крајот на септември тие се зголемени за 8,3 милиони евра, јави дописникот на МИА од Белград.

Овој износ на девизни резерви обезбедува покриеност на паричната маса М1 од 181,3 отсто и 7,2 месеци увоз на стоки и услуги, што е повеќе од двојно над стандардот што го одредува соодветното ниво на покриеност на увозот на стоки и услуги со девизни резерви.

Нето девизните резерви на крајот на октомври изнесуваат 24.033,5 милијарди евра (бруто девизните резерви намалени за девизните средства на банките врз основа на задолжителни резерви, обврските кон Меѓународниот монетарен фонд врз основа на аранжмани и други основи). Споредено со крајот на септември тие се за 4,6 милиони евра пониски.

Народната банка на Србија посочи дека значајниот позитивен нето ефект на пазарните фактори во износ од 397,4 милиони евра влијаел врз зголемувањето на девизните резерви во октомври и во голема мера е резултат на растот на цената на златото во долари на меѓународниот пазар од околу 4,0 отсто и зајакнувањето на доларот во однос на еврото за околу 2,9 отсто на меѓународниот пазар. об/

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR