• e diel, 28 korrik 2024

Со цистерни ќе се снабдуваат штипските населби кои немаат вода

Со цистерни ќе се снабдуваат штипските населби кои немаат вода

Штип, 26 јули 2024 (МИА) - Штипските населби кои веќе втор ден немаат вода за пиење поради изведба на нова водоводна линија, денеска со вода ќе се снабдуваат од цистерни на ЈП „Исар“-Штип.

Во соопштението кое денеска го објави ЈП „Исар“  ги известува граѓаните дека на неколку локации во градот ќе бидат поставени цистерни со вода.

- Во периодот од 10:15 часот до 10:45 цистерна со вода ќе биде поставена кај Паркот на Фармација, од 11:00 до 11:30 часот кај Елкос, од 12:00 до 12:30 часот во Пребег и од 12:45 до 13:15 часот во Ново Село. Поставувањето на цистерни со вода е со цел да им се обезбеди вода на граѓаните се до целосно нормализирање на водоснабдувањето во градот, се вели во соопштението на ЈП „Исар“-Штип.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип Кирил Зајков се извинува на граѓаните кои немаат вода за пиење поради пролонгираните градежните активности на терен. Во текот на денот ќе информира за состојбата и кога поголем дел од населбите ќе добијат вода за пиење. вдј/мд/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR