• e hënë, 17 mars 2025

Сочувство од Еврејска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија за настраданите во Кочани

Сочувство од Еврејска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија за настраданите во Кочани

16 март 2025 

Со неизмерна тага и длабока болка, Еврејската заедница во Р. Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија изразуваат најдлабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите и до сите погодени од оваа ужасна трагедија.

Како заедница која знае колку е тешка загубата, го споделуваме вашето страдање и се соживуваме со болката на секој кој ги изгубил своите најблиски. Во овие тешки моменти, потребни се сплотеност, солидарност и заедничка поддршка.

Ги повикуваме граѓаните на смиреност и единство, а институциите на максимална посветеност и поддршка за сите погодени од оваа трагедија. Нека во овие моменти на тага преовладуваат хуманоста и грижата за оние на кои им е најпотребна.

На сите повредени и хоспитализирани, им посакуваме брзо и успешно закрепнување, со надеж дека наскоро ќе се вратат во кругот на своите најблиски.

Во знак на сочувство и одговорност кон општеството, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе донира парични средства за помош на семејствата на настраданите.

Zichronam Livracha!

Нека сеќавањето на нив биде благослов!

Со длабока почит и сочувство,

Еврејската заедница во Р. Македонија 

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

QËNDRONI TË LIDHUR