• e mërkurë, 08 janar 2025

Советот на млади од Крива Паланка и волонтери на Црвениот крст со хумана акција во пресрет на Божиќ 

Советот на млади од Крива Паланка и волонтери на Црвениот крст со хумана акција во пресрет на Божиќ 

Крива Паланка, 6 јануари 2025 (МИА) - Членови на Советот на млади на Општина Крива Паланка и волонтери на Oпштинската организација на Црвен Крст спроведоа хумана акција доставувајќи пакети храна на дваесет стари, осамени лица од општината.

- Храната подготвена од туристичко -угостителската струка од гимназијата ја продававме по симболична цена за собирање средства наменети за матурантите. На тој начин, заедно со волонтерите од Црвениот крст ја демонстриравме својата солидарност и хуманост, со што уште еднаш покажавме дека заедно можеме да направиме големи промени, информира Михаела Јанковска, член на Советот на млади на Општина Крива Паланка.

Јанковска упати посебна благодарност од име на Советот до Весна Митовска, основач на конакот „Калин камен“, која донирала 20 пакетчиња со храна кои биле поделени на граѓани, пред се возрасни, осамени лица од општината.

-Оваа акција е уште еден пример за тоа како ние младите можеме да бидеме двигатели на позитивни промени во заедницата. Им благодариме на сите што се вклучија и го поддржаа овој настан, покажувајќи дека хуманоста и солидарноста се основа на вистинскиот празничен дух, додаде Јанковска. ид/бак/

Фото: МИА

 

QËNDRONI TË LIDHUR