• e premte, 27 dhjetor 2024

Слот: Рано е за славење, има уште 20 натпревари до крајот

Слот: Рано е за славење, има уште 20 натпревари до крајот

Ливерпул, 27 декември 2024 (МИА) - Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот останува смирен бидејќи Ливерпул продолжува да победува и има одлично водство на врвот во Премиер лигата.

Синоќа „црвените“ го совладаа Лестер со 3:1 и сега имаат 7 бода пред Челси и 9 пред Арсенал со натпревар помалку. Сепак, тренерот ја наведе ситуацијата со Манчестер Сити како пример и не ја прифаќа титулата како загарантирана.

-Ако сте доволно долго во овој натпревар, како овие играчи или јас, знаете дека на 20 натпревари до крајот, ништо не е сигурно. Има уште толку многу предизвици кои не чекаат. Пред само 2 месеци бевме бод зад Сити и погледнете што се случи со нив по повредите, лошата среќа и казните. Тоа може да му се случи на секого, рече Слот.

Според него, рано е да се слави, но убаво е да се биде во оваа позиција. 

-Сепак, мислам дека немаме лесни натпревари. Против Тотенхем бевме на пат до лесна победа, но примивме 2 гола и беше 5:3. Тоа само покажува колку е тешко да се победи во оваа лига, и секогаш има нешто што може да се случи. Затоа, треба да размислуваме само за следниот натпревар, додаде тој. дс

Фото: Архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR