• e diel, 30 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан, Руслан Казакбаев

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан, Руслан Казакбаев

Скопје, 26 март 2025 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Киргистанската Република, со седиште во Анкара, Руслан Казакбаев. Тој истакнал дека ќе вложи максимални напори за зајакнување и развивање на пријателските односи меѓу двете земји.

Како што се вели во соопштението на претседателскиот кабинет, на церемонијата на предавање на акредитивите, амбасадорот Казакбаев изразил сочувство по повод трагедијата во Кочани. 

Претседателката Сиљановска-Давкова се заблагодари за упатеното писмо со сочувство од страна на киргистанскиот претседател, Садир Жапаров.

Таа укажа дека меѓу двете земји постои неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката на политички, економски и културен план, како и во рамки на меѓународните организации. Во таа насока, изрази уверување дека именувањето на амбасадорот Казакбаев ќе го означи почетокот на ново поглавје во развојот на билатералните односи и соработка.

Соговорниците ја нагласија потребата од интензивирање на политичкиот дијалог и склучување на договори коишто ја дефинираат правната рамка на економско-трговската соработка. Со цел воспоставување на конкретна соработка во областите од заемен интерес, претседателката го охрабри усвојувањето на веќе покренатите иницијативи.

-На новоименуваниот амбасадор таа му посака успешен мандат и изрази целосна поддршка во вршењето на неговата дипломатска должност. Тој на претседателката ѝ упати покана од претседателот Садир Жапаров за посета на Киргистанската Република, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет. бт/дма/

Фото: Кабинет на Претседателот на Република Северна Македонија

QËNDRONI TË LIDHUR