• e mërkurë, 12 mars 2025

Сириската влада потпиша договор за прекин на огнот со Курдите

Сириската влада потпиша договор за прекин на огнот со Курдите

Дамаск, 12 март 2025 (МИА) - Централната влада на Сирија постигна договор со курдските власти кои го контролираат североисточниот дел на земјата, што вклучува прекин на огнот и спојување на локалната вооружена формација со сириската армија.

Формацијата предводена од Курдите, позната како Сириски демократски сили, има поддршка од САД. Договорот го потпишаа привремениот претседател на државата Ахмад ал Шара и командантот на Сириските демократски сили Мазлум Абди.

Ова е голем настан, бидејќи на овој начин поголемиот дел од Сирија доаѓа под контрола на владата во Дамаск, која е предводена од групата на чело на вооружената коалиција која го собори претседателот Башар ал Асад во декември минатата година.

Според договорот, кој треба да се имплементира до крајот на оваа година, сите гранични премини со Ирак и Турција на североисток, како и аеродромите и нафтените полиња, ќе бидат под контрола на централната влада. Сириските Курди ќе ги добијат своите права, вклучувајќи го и образованието и употребата на нивниот јазик. Овие права им беа ускратени со децении под режимот на Асад. мс/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR