• e diel, 09 mars 2025

Симулациска вежба за вонредни состојби на Меѓународниот аеродром Скопје

Симулациска вежба за вонредни состојби на Меѓународниот аеродром Скопје

Скопје, 9 март 2025 (МИА) -  На Меѓународниот Аеродром Скопје продолжува симулациската вежба за вонредни состојби, што се одржува од вчера во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија.

Од МВР апелираат до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир.

За одвивањето на вежбата најавени се изјави од директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев и претставници на ТАВ Македонија.лв/

фото: МИА архива 

 

QËNDRONI TË LIDHUR