Се чисти коритото на Овчка Река во Марена
- - По барање на жителите на село Марена, во соработка со инспекциските служби од Општина Кавадарци, вчера и денеска се врши чистење на речното корито на Овчка Река со неколку помали диви депонии во околината. Се работи со механизација багер и кипер од ЈА-МИ и два камиона – кипери од Ј.П. Комуналец Кавадарци, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Кавадарци, 26 март 2025 (МИА) - Се чисти коритото на Овчка Река во селото Марена, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- По барање на жителите на село Марена, во соработка со инспекциските служби од Општина Кавадарци, вчера и денеска се врши чистење на речното корито на Овчка Река со неколку помали диви депонии во околината. Се работи со механизација багер и кипер од ЈА-МИ и два камиона – кипери од Ј.П. Комуналец Кавадарци, соопштија од градоначалничкиот кабинет.
Истовремено се врши асфалтирање на улицата ,,Ристо Џондев’’ во Ваташа.
- Се асфалтира, откако претходно се вршеше изработка на атмосферска канализација Ф1000, во должина од 200 метри, поставување на атмосферски решетки и таложник. Изведувач на работите е ,,Градба промет", информираа од кабинетот на Јанчев.свд/са/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев