• e diel, 16 mars 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СДСМ: 240.000 илјади евра тендери од Битола за Пуцко Петрол-омилениот снабдувач на ДПМНЕ

СДСМ: 240.000 илјади евра тендери од Битола за Пуцко Петрол-омилениот снабдувач на ДПМНЕ

Скопје, 15 март 2025

Пуцко Петрол бил омилен снабдувач на општините кои ги води ДПМНЕ и тоа подолг период, години наназад.

Само со три договори склучени со општина Битола, каде градоначалник  е Коњановски од ДПМНЕ, речиси 240.000 евра завршиле кај оваа компанија.

Ова се само 3 од над 170 договори за тендери кои општини и институции раководени од ДПМНЕ ги имаат склучено со Пуцко Петрол.

Јавноста знае дека тоа е бизнис изроден во времето кога ДПМНЕ и ДУИ беа коалиција. 

ДПМНЕ и Мицкоски треба да излезат пред граѓаните и да одговорат колку милиони народни пари преку општините, министерствата и други институции кои тие ги раководат завршиле кај Пуцко Петрол?

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR