• e shtunë, 22 shkurt 2025

СБ на ОН гласа за резолуција за Руанда и Конго

СБ на ОН гласа за резолуција за Руанда и Конго

Њујорк, 21 февруари 2025 (МИА) – Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за резолуција со која се повикува Руанда да ја прекине поддршката за бунтовниците М23 и безусловно да ги повлече сите војници од територијата на Демократска Република Конго.

Резолуцијата на ОН, подготвена од Франција, „силно ја осудува тековната офанзива и напредувањето на М23 во Северен Киву и Јужен Киву со поддршка на одбранбените сили на Руанда (РДФ)“ и бара М23 веднаш да ги прекине непријателствата и да се повлече.

За усвојување на резолуцијата на потребни се најмалку девет гласа „за“ и да нема вето од САД, Русија, Кина, Велика Британија или Франција, а неколку дипломати рекоа дека се очекува да резолуцијата да биде усвоена. јт/

QËNDRONI TË LIDHUR