Сајковски очекува на следната седница предлог од Европскиот фронт за местото на Илире Даути, оттаму не гледаат потреба да предложат друг кандидат
- По вчерашниот повик на претседателот на собраниската Комисија за прашања на именувањата и изборите Ѓорѓија Сајкоски до „Европскиот фронт“ да достави предлог за претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади на местото на веќе разрешената претседателка Илире Даути, денеска од „Европскиот фронт“ преку соопштение информираа дека нема потреба да предложат друг кандидат за претседател на Комисијата, бидејќи, како што посочуваат, секој друг пратеник ќе постапи исто како Илире Даути и истото постапување би ги дало истите резултати.
- Post By Фатиме Фазљији
- 14:37, 23 janar, 2025
Скопје, 23 јануари 2025 (МИА) - По вчерашниот повик на претседателот на собраниската Комисија за прашања на именувањата и изборите Ѓорѓија Сајкоски до „Европскиот фронт“ да достави предлог за претседател на Комисијата за социјална политика, демографија и млади на местото на веќе разрешената претседателка Илире Даути, денеска од „Европскиот фронт“ преку соопштение информираа дека нема потреба да предложат друг кандидат за претседател на Комисијата, бидејќи, како што посочуваат, секој друг пратеник ќе постапи исто како Илире Даути и истото постапување би ги дало истите резултати.
- На следната Комисија очекуваме да добиеме нов предлог за претседател на Комисијата од „Европскиот фронт“ откако вчера на седницата на Комисијата за именувања и избори упатив повик за да достават нов предлог за претседател на Комисијата на местото на Илире Даути. Се очекува следната недела да биде закажана наредната седница на Комисијата за именувања и избори. Таа веќе е разрешена од функцијата претседател на Комисијата. Со самиот чин на поднесување на оставка, и престана мандатот претседател на Комисијата, изјави денеска Сајкоски за МИА.
Од „Европскиот фронт“ наведуваат дека должност на претседателот на Собранието Африм Гаши е да ја реши оваа ситуација.
- Претседателите на собраниските комисии се избираат со компромис меѓу политичките партии и за нив гласаат 120 пратеници! Не може претседателите на комисиите да се избираат со консензус и да се разрешуваат со просто мнозинство поради лично толкување на Деловникот на Собранието! Согласно законот и Деловникот, претседателот на Собранието е одговорен за работата на Собранието и неговите работни тела. Негова должност е да ја реши оваа ситуација, особено што како претседател на Собранието не беше во служба на заштита на интегритетот и достоинството на пратеничката, туку стана инструмент на Левицата и на парламентарното мнозинство. Ние немаме проблем со нашите пратеници и нашите ставови за да ги менувааме тие по желба на мнозинството, а уште помалку со диктат на мнозинството, посочуваат од „Европскиот фронт“.
Пратеничката на „Европскиот фронт“ и претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути на 16 јануари поднесе оставка од функцијата откако на пленарна седница на 10 јануари со поддршка од 61 пратеник и 22 против беше изгласана интерпелација за неа. Интерпелацијата во ноември ја поднесе пратеничката група од „Левица“ поради тоа што Даути, како што беше посочено, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители поднесен од опозициската СДСМ со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава.
Образложувајќи ја оставката, Даути посочи дека тоа е врв на срамот што се случил во Собранието и порача дека нејзиното дејствување за ставање на дневен ред на Законот за бранители е врз основа на членот 3 и оти нема да прифати различни услови на дејствување надвор од Деловникот.
- Зошто Апасиев и останатите пратеници од Левица во врска со Законот за бранители, не побараа точката да се стави на дневен ред? Јас ќе ја додадов точката на дневен ред, но се поставува прашањето зошто пратениците тоа не го побараа. Рокот за ставање на точката на дневен ред помина и мене не ми дозволуваше Деловникот да ја додадам таа точка. Овие 61 пратеници си играат „мејтап“ со власта. За мене услов е да се почитуваат сите националности, рече Даути. фф/бак/
Фото: МИА Архива