• e hënë, 17 mars 2025

САД ќе продолжат со напади врз Хутите додека не прекинат со нападите врз бродовите

САД ќе продолжат со напади врз Хутите додека не прекинат со нападите врз бродовите

Вашингтон, 16 март 2025 (МИА) - Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД ќе продолжат со „непрекинати“ напади врз јеменската бунтовничка група Хути сè додека таа не престане со воените акции против американските интереси и глобалниот бродски сообраќај.

Во интервју за „Фокс њуз“, Хегсет посочи дека кампањата против шиитската група е одговор на десетици напади врз трговски бродови од ноември 2023 година.

- Ова ќе продолжи сè додека не престанат да пукаат кон бродовите и американските интереси, нагласи Хегсет.

Во вчерашниот напад врз јеменската престолнина Сана загинаа 31 лице, меѓу кои и водечки лидери на хутите, соопшти советникот за национална безбедност на Трамп, Мајк Волц.

Тој истакна дека за разлика од претходните акции на администрацијата на Џо Бајден, овие напади биле насочени директно кон лидерите на хутите и дека САД ќе го држат Иран одговорен за нивните дејства.

„Сите опции се на маса за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје“, додаде Волц, предупредувајќи дека нема да се дозволи трка во вооружување на Блискиот Исток.ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR