• e diel, 05 janar 2025

САД воведоа санкции за поединци и компании поврзани со семејството Додик

САД воведоа санкции за поединци и компании поврзани со семејството Додик

Бања Лука, 18 декември 2024 (МИА) – Канцеларијата за контрола на имотот на странци (ОФАЦ) на Министерството за финансии на САД денеска објави нова санкции за лица и фирми од БиХ.

На американската „црна листа“ ставени се министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарац (СНСД), како и претприемачите Мирко Добриќ и Александар Добриќ од Градишка и Влатко Вукотиќ од Бања Лука. Тие се санкционирани поради нивната поврзаност со претседателот на Република Српска, Милорад Додик и неговиот син Игор, кои од претходно се на американската „црна листа“.

Санкции беа изречени и за компаниите „Бест сервис“ и „Нимбус иновации“ со седиште во Бања Лука, поради, врските на компанијата со Игор Додик. На „црната листа“ е и фирмата „Ворто“ поради Влатко Вукотиќ и фирмата „Зелена Јабука“ поради врските со Мирко Добриќ. ми.

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR