• e diel, 05 janar 2025

Руте: Веќе е оперативна Командата на НАТО во Германија за координирање на воената помош за Украина

Руте: Веќе е оперативна Командата на НАТО во Германија за координирање на воената помош за Украина

Берлин, 18 декември 2024 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека новата команда на Алијансата во германскиот град Визбаден почна да ја координира западната воена помош за Украина.

- Командата на НАТО во Визбаден за безбедносна помош и обука во Украина веќе почна со работа, истакна Руте.

НАТО ја презеде од САД координацијата со западната воена помош за Украина. САД помошта за Украина ја координираше од американската воздухопловна база „Рамштајн“, додека седиштето на новата мисија на НАТО во Украина е лоцирано во американската база „Клеј баракс“ во Визбаден.

Според западните медиуми, целта на преземањето е да се заштити механизмот за поддршка на Украина од НАТО-скептичниот новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп

Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател во јануари, изјави дека сака брзо да стави крај на војната во Украина, но не откри детали. Тој повеќе пати го критикуваше обемот на американската финансиска и воена помош за Украина.

Во меѓувреме, администрацијата на претседателот во заминување Џо Бајден се обидува да испрати што е можно повеќе оружје во Киев поради загриженоста дека Трамп може да ги намали воените испораки за Украина.

Во својот прв претседателски мандат, Трамп се закани дека САД ќе ја напушти Алијансата и побара од сојузниците да издвојат три проценти од бруто домашниот производ. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR