• e hënë, 28 tetor 2024

Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран

Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран

Москва, 26 октомври 2024 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел изврши воздушни напади врз воени објекти во Иран.

„Ги повикуваме страните да покажат воздржаност, да престанат со насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова.

Во исто време, коментирајќи ги воздушните напади на Израел во Либан, како резултат на кои беа убиени претставници на медиумите, таа ги обвини израелските вооружени сили дека се обидуваат да ги попречат различните гледишта за настаните во регионот.

„Сосема е очигледно дека телевизискиот канал „Ал Мајадин“ и неговите вработени се цел на напади. Ова е уште еден јасен пример за желбата на израелската војска по секоја цена, без згрозување на какви било средства и методи, да ги искорени сите извори на алтернативна гледна точка за настаните што се случуваат во регионот“, рече Захарова. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR