Рубио: Поддршката на САД за Израел останува главен приоритет
- „Постојаната поддршка на САД за Израел е главен приоритет за американскиот претседател Доналд Трамп,“ се наведува во соопштението на Стејт департментот.
- Post By Сања Костовска
- 07:55, 23 janar, 2025
Вашингтон, 23 јануари 2025 (МИА) - Американскиот државен секретар Марко Рубио имаше телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што истакна дека поддршката на САД за Израел останува главен приоритет за новата американска администрација.
„Постојаната поддршка на САД за Израел е главен приоритет за американскиот претседател Доналд Трамп,“ се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Рубио му честиташе на Нетанјаху за „успесите на Израел против Хамас и Хезболах“ и вети дека ќе работи неуморно за ослободување на сите преостанати заложници кои се држат во Газа, се додава во соопштението. ссм/
фото: ЕПА