Ристески: Ситуацијата будно се следи со пазарот на јајца, засега нема потреба од грижа поради евентуален недостиг
- Министерството за економија и труд заедно со министерството за земјоделство будно ги следи состојбите со пазарот на конзумни јајца и засега нема потреба од грижа за недостиг. Доколку се укаже потреба, во краен случај, може да се забрани извоз на јајца, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, одговарајќи на прашањето дали има реална загриженост од недостиг од јајца како што е во повеќето земји, токму пред Велигденските празници.

You need to login to view this page