Реконструкција на повеќенаменското игралиште во Мралино
- Општина Илинден започна со реконструкција на повеќенаменското игралиште во населеното место Мралино. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска изврши увид во почетокот на градежните активности и потенцираше дека со реализација на овој проект младите ќе добијат современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација.
Скопје, 17 април 2026 (МИА) - Општина Илинден започна со реконструкција на повеќенаменското игралиште во населеното место Мралино. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска изврши увид во почетокот на градежните активности и потенцираше дека со реализација на овој проект младите ќе добијат современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација.
-Како локална самоуправа, остануваме посветени на унапредување на условите за живот на нашите граѓани, со посебен акцент на младите - истакна градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден, додаде, и во наредниот период ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постојните игралишта и во другите населени места, потврдувајќи дека поддршката на спортот и младите останува еден од клучните приоритети во работењето на локалната самоуправа.
Проектот, како што информираат од локалната самоуправа, предвидува целосно уредување на игралиштето, при што ќе се изврши замена на заштитната ограда, поставување нова јутена мрежа на головите, како и поставување нови голови за мал фудбал. Дополнително, ќе се изврши модернизација на осветлувањето со нови ЛЕД светилки, а теренот ќе добие и нова вештачка трева и мини трибина.вј/
Фото: Општина Илинден