Панел дискусија во Кавадарци: Да се подигне свеста за органодарителството
- Органодарителство во Македонија, е насловена јавната панел дискусија што вечерва се одржува во Кавадарци. Проф. д-р Билјана Кузмановска, анестезиолог и национален координатор за трансплантација, во изјава за медиумите рече дека настанот е дел од напорите да се подигне свеста за органодарителството. Таа појасни дека е ова граѓанска иницијатива, што има и институционална поддршка, се правеле карвани во повеќе градови, ова е веќе четврти ваков настан. Покрај, како што додаде, настапи по медиуми, едукативни настани. Кузмановска подвлече дека се трудат да го приближат органодарителството до сите луѓе и да одат од град во град да објаснуваат на младите, на публиката, на сите категории од населението, да ја разберат важноста за органодонорство.
You need to login to view this page