Реконструкција на најстарите улици во Ѓорче Петров - по прв пат после 50 години
- СООПШТЕНИЕ - Во рамки на урбаниот ден на Општина Ѓорче Петров, завршени се градежни активности за комплетна реконструкција на дел од најстарите и најоштетени улици во населба Дексион. Се работи за улици кои повеќе од пет децении немале ниту еден обемен зафат на санација.
- Post By Сашо Арсовски
- 13:10, 17 prill, 2025

17 април 2025
Во рамки на урбаниот ден на Општина Ѓорче Петров, завршени се градежни активности за комплетна реконструкција на дел од најстарите и најоштетени улици во населба Дексион. Се работи за улици кои повеќе од пет децении немале ниту еден обемен зафат на санација.
Во текот на изминатиот период, во оваа населба се реконструирани:
ул. Црногорска 2 – во должина од 600 метри и површина од 2.000 м²
ул. Љубин – 150 метри / 900 м²
ул. Александар Македонски – 200 метри / 1.000 м²
ул. Андреј Зограф – 160 метри / 1.100 м²
Со тоа, вкупно се асфалтирани 1.110 метри и над 5.000 квадратни метри површина, со вкупна инвестиција од 4.900.000 денари.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека реконструкцијата на овие улици претставува исполнување на едно од главните барања на жителите на населбата Дексион и уште еден конкретен чекор во реализацијата на програмата за подобрување на локалната инфраструктура.
„Вложуваме во рамномерен развој на општината, со посебен фокус на деловите кои со години биле заборавени. Реконструкцијата на овие улици не е само инфраструктурен зафат, туку враќање на достоинството на оваа заедница“, изјави градоначалникот Стојкоски.
Општина Ѓорче Петров продолжува со континуирани инвестиции во уредување на уличната мрежа, со цел создавање на модерни, функционални и безбедни услови за живот и движење.
Општина Ѓорче Петров
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки