Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на ставови на ДУИ
- Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ во соопштението е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби.
Скопје, 30 јануари 2025
Создавањето на некакви зони без Aлбанци како што наведува ДУИ во соопштението е единствено во главата на Ахмети и бегалецот Артан Груби.
Има ли поголема зона без Aлбанци кojа ДУИ и Ахмети ја направија по нивното над 20 годишно владеење каде избркаа десетици и стотици илјади луѓе надвор од државата по потрага по подобар стандард.
И ова нивно соопштение е уште една лага и манипулација затоа што во владиниот тим советници има и Aлбанец, а тоа е професорот Шенер Биљали кој е надворешен советник на премиерот за односи меѓу заедниците, како и уште неколку национални координатори кои се Aлбанци.
Ние за разлика од ДУИ политиката не ја гледаме низ призма дали некој е Mакедонец или Aлбанец, туку единствено низ призма на компетенции и способност, нешто што е мисловна именка за ДУИ.
А секогаш кога ДУИ е наводно загрижена за Aлбанците се знае дека е највеќе загрижена за своите лични и бизнис интереси.
И кога сме на оваа тема, добро е да се произнесе коалицискиот партнер на ДУИ, Левица што мисли и кој е нивниот став за лажната загриженост на ДУИ за создавање на зони без Aлбанци.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.