Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Лолита Ристова од СДСМ
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 9 март 2025
СДС лажно се грижи за граѓаните, додека троши 100 илјади евра за партиска забава во Струмица
СДС од ден на ден само го покажува своето лицемерие и лагите.
На СДС им текнало да одат по маркети.
Тоа го зборуваат и прават луѓе кои за партиска журка наречена како манифестација за Ден на жената трошат околу 100 илјади евра.
СДС покажува само едно дека лажно се бори за граѓаните. СДС кога беше на власт крадеше, а денес со украдените народни пари си организира партиски настани.
СДС да одговори кој им плаќаше за бесмислениот партиски марш кој повеќе личеше на забава?
СДС да одговори и кој им ги плаќаше сметките по кафеаните и кафулињата во Струмица? Кој им ги плаќаше автобусите од Скопје за Струмица и неколкуте комбиња според наши информации десеттина комбиња?
СДС да престане да ги лаже граѓаните и да дава одговори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива