• e martë, 07 janar 2025

Рампи за пристап во новиот пазар во Неготино бараат од Здружението „И јас сум“

Рампи за пристап во новиот пазар во Неготино бараат од Здружението „И јас сум“

Неготино, 5 јануари 2025 (МИА) - Рампи за пристап во новиот пазар во Неготино бараат од Здружението „И јас сум“. Од оваа општествена организација за поддршка и развој, апелираат до надлежните, да го средат ова, навремено.

- Не можеме да бараме вина за тоа што јавните простори досега не биле направени пристапни за лица со попреченост. Но, не смееме да дозволиме да се градат нови објекти што се непристапни. Новиот пазар во Неготино е непристапен, алармираат од Здружението.

Како што велат, од локалната самоуправа добиле потврда дека просторот ќе биде пристапен.

- Но, според сегашните проекции - пазарот е непристапен. Најмалку 130 лица со физички инвалидитет имаат оневозможен пристап до пазарот, како и слепите лица, деца во детска количка, лица кои користат колички за пазарење. Ако е инклузија - нека е реална, истакнуваат од оваа организација.

Притоа, нагласуваат дека идејата со затворен пазар е одлична и ќе биде од голема корист за граѓаните.

- Нашиот апел е објектот да се направи пристапен за сите. На крај на денот, сите сме едно, подвлекуваат активистите од здружението „И јас сум“. свд/бд/

Фото: „Фејсбук“ на Здружението „И јас сум“

QËNDRONI TË LIDHUR