• e martë, 16 dhjetor 2025

Работна средба на градоначалникот Лукровски со министерот за култура и туризам Љутков

Работна средба на градоначалникот Лукровски со министерот за култура и туризам Љутков

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска имал средба со министерот за култура и туризам Зоран Љутков на која разговарале за културата и културното наследство, како и за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“ во 2028 година.

-На средбата градоначалникот Лукровски го информираше министерот Љутков за претстојните проекти и културно-забавни настани кои ќе бидат дел од програмските активности на Општина Карпош за наредната година. Општината ќе продолжи да ги поттикнува и поддржува сите културни работници, особено младите, чија креативност и работа ќе ја збогатуваат културата ризница, не само на општината туку и на градот Скопје. Во рамки на денешната средба се разговараше и за можна соработка помеѓу двете институции, бидејќи како што истакна Љутков, проектот е вистинска можност за темелна трансформација на Скопје, преку развој на културната инфраструктура, зајакнување на заедништвото, поддршка на иновации и промовирање на европски вредности. Токму затоа е многу важно во реализација на проектот активно да бидат вклучени сите релевантни чинители од државата, соопшти Општина Карпош. 

Во соопштението се наведува дека министерот Љутков посочил дека „Карпош има несомнено голем потенцијал за културен развој бидејќи на своја територија има многу значајни локалитети како што се Хавзипашините конаци, Аквадуктот, архелошкиот локалитет Скупи, Св.Пантелејмон во Нерези.

-Токму од тие причини, на средбата се разговараше и за бројни можности за соработка и заеднички активности во иднина, а акцент се стави на заштита на културното наследство како и на плановите за одржување на културни настани на територија на Општина Карпош, информира Општината. хс/вј/

Фото: Општина Карпош 

QËNDRONI TË LIDHUR