Промовирана книгата „Милениумски опстој“ од Јован Мазгански
- Во Домот на културата „Кочо Рацин"-Скопје денеска е промовирана книгата „Милениумски опстој“ од авторот Јован Мазгански.
Скопје, 5 декември 2025 (МИА) - Во Домот на културата „Кочо Рацин"-Скопје денеска е промовирана книгата „Милениумски опстој“ од авторот Јован Мазгански.
Промотор на книгата беше Благојка Филипчева, која е и автор на рецензијата во книгата на Јован Мазгански. Во промоцијата учествуваа и стихови интерпретираа: проф д-р Виолета Ачкоска, м-р Лилјана Стоилковска,проф. Билјана Тодоровска Димулкова. Музички настап имаше Ванчо Арсов кој исполни повеќе популарни теми.
Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектур, во име на Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје, на промоцијата рече дека оваа книга како и самата биографија на авторот е амбивалентна и преполна со разнообразни факти со кои ги посочува своите светогледи поврзани со разнородни сфери на искоснкото во личната и колективан меморија.

- Тој со својата интелектуална ерудиција, непосредни разнородни искуства и животна мудрост успева впечатливо да обединува повеќе разнородни сегменти, кои с епреточени во поетски сликопис на разнородно време кое обединува лични и глобални аспекти и разнородни дискурси, преточени во поетика на лирското, патриотското, носталгичното...со ненаметлива, непосредна, а сепак сугестивна метафора од непатворен израз и неговиот поетски свет предизвикува голема љубопитност да се осознае релацијата помеѓу напластените сегменти на разнородните животни искуства, помеѓу рациото, мудроста, сетилноста и кревкоста, и сисконските пориви кои тлеат во зародишот на архетипот кон запазувањето на битовото , на идентитетот, на огништето, како завет за запазување на милениумскиот континуум на овие наши и идни поколениа, истакна во своето обраќање Виолета Калиќ.
Пригодно обраќање имаше и новинарката Валентина Ѓеорѓиевска Парго. лв/бак/
фото: Дом на култура „Кочо Рацин"-Скопје