Прометот во индустријата во февруари во однос на лани намален за 1,1 отсто
- Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 1.1 % во февруари 2025 година во однос на февруари лани, соопшти Државниот завод за статистика.
- Post By Сашо Арсовски
- 13:20, 17 prill, 2025

Скопје, 17 април 2025 (МИА) - Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 1.1 % во февруари 2025 година во однос на февруари лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2025 година во однос на февруари 2024, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.4 %, додека опаѓање има кај Капитални производи за 4.2 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.9 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно,
Во февруари во однос на јануари годинава, пак, се бележи раст на прометот во индустријата од 6.5 %, додека во периодот јануари – февруари 2025 година, во однос на истиот период лани, зголемувањето е 3.5 %.
Прометот во индустријата на домашниот пазар во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, е намален за 4.9 %, а во периодот јануари – февруари годинава, споредено со истиот период од 2024 има пад од 2.9 %.
На странските пазари во февруари годинава, во однос на февруари лани, има намалување од 1.2 %, додека во периодот јануари – февруари 2025 година, во споредба со јануари – февруари 2024 година, е заблежан раст од 4.3 %.са/
Фото: МИА