Проекција на филмот „Нема да исчезнеме“ на Коваленко во рамки на „Зимски МакеДокс“
- Во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“, во Кафе и кино „Котур“ вечерва ќе биде прикажан документарниот филм „Нема да исчезнеме“ на режисерката Алиса Коваленко.
Скопје, 12 ноември 2024 (МИА) - Во рамки на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“, во Кафе и кино „Котур“ вечерва ќе биде прикажан документарниот филм „Нема да исчезнеме“ на режисерката Алиса Коваленко.
Како што соопштија од МакеДокс, „Нема да исчезнеме“ (Украина, Франција, Полска / 2023 / 100’) следи група тинејџери од Донбас, кои се на прагот на зрелоста и имаат сон да го освојат светот. Иако оддалеку татнат пукотници и експлозии, тие не губат надеж и решаваат да го следат својот сон да патуваат, кој на крај се претвора во реалност.
Синоќа во рамки на „Зимски МакеДокс“, беше прикажан филмот „Акаса, нашиот дом“ на режисерот Раду Чорничук. бт/бак/
Фото: плакат