Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица
- Утринава околу 8 часот полицајци по судска наредба извршиле претрес во куќа во село Орашје, при што се најдени оружје, дрога и приведени се две лица. Полициските службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р.(30) од Орашје, Општина Јегуновце.
Тетово, 11 декември 2025 (МИА) -Утринава околу 8 часот полицајци по судска наредба извршиле претрес во куќа во село Орашје, при што се најдени оружје, дрога и приведени се две лица. Полициските службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Р.(30) од Орашје, Општина Јегуновце.

-При претрес во неговиот дом во селото Орашје, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага. Ф.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Тетово.
При претресот во неговиот дом е затекната И.Д.(34) од Сојузна Република Германија, која е привидена и задржана во полициска станица затоа што го пречекорила туристичкиот престој.ас/вј/
Фото: СВР Тетово