• e shtunë, 06 korrik 2024

Приведен жител на Свети Николе, пронајдена дрога во неговиот дом

Приведен жител на Свети Николе, пронајдена дрога во неговиот дом

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Четириесет и двегодишен жител на Свети Николе вчера е лишен од слобода, откако полицијата во неговиот дом пронашла дрога.

- Вчера во 16:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода Н.Ј.(42) од Свети Николе. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети поврзани со кривичното дело, се наведува во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, како што се наведува во соопштението, ќе следува соодветен поднесок. дма/бак/

Фото:МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR