• e martë, 18 mars 2025

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“ (видео)

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“ (видео)

Кочани, 18 март 2025 (МИА) - Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“.

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда. 

Во дискотеката „Пулс“ во Кочани рано утринава во неделата во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Меѓу загинатите се и членови на бендот „ДНК“ кој настапувал таа вечер. та/бак/

Фото: МИА

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR