• e diel, 29 shtator 2024

Премиерот Мицкоски на почетокот на изградбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски" во село Драчево

Премиерот Мицкоски на почетокот на изградбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска (10:30) ќе го означи почетокот на изградбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски“, во село Драчево, Општина Кисела Вода, соопшти владината прес-служба. 

На поставувањето на камен темелникот ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Мицкоски на својот Фејсбук провил објави дека инвестицијата е врдна на 1,5 милиони евра, а новото училиште има капацитет од 500 ученици, 19 училници, канцеларии и други придружни простории. 

- Ден 3: Денес означуваме почеток на изградбата на ново училиште во населбата Драчево, општина Кисела Вода. После точно 100 години, старата училишна зграда заминува во историјата со изградбата на нова. За граѓаните, односно за околу 550 ученици - нови 19 училници, канцеларии и други училишни простории. Инвестиција вредна над 1.5 милион евра.
За тебе! Почнуваме!, напиша Мицкоски. 

Од владината прес-слуба информираат и дека е предвидено по настанот премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.са/лв

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR