Прекин во водоснабдување за корисниците на неколку улици во Карпош
- Прекин во водоснабдувањето денска од 9:20 часот имаат корисниците на неколку улици во општина Карпош.
- Post By Ана Цветковска
- 09:46, 21 mars, 2026
Скопје, 21 март 2026 (МИА) - Прекин во водоснабдувањето денска од 9:20 часот имаат корисниците на неколку улици во општина Карпош.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје прекин ќе имаат корисниците од следните улици: „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“, „Петар Драганов“, „Столхомска“ и „Гаврил Лесновски“.
Прекинот е поради замена на затварач (шибер) ф 100мм и ќе трае до завршување на работните активности. ац/
Фото: МИА архива