• e shtunë, 19 tetor 2024

Предупредувачки мејл до грчката полиција за поставени бомби на неколку локации во Атина

Предупредувачки мејл до грчката полиција за поставени бомби на неколку локации во Атина

Атина, 17 октомври 2024 (МИА) – Централата на грчката полиција, рано утрово добила мејл со предупредување дека се поставени експлозивни механизми на неколку локации во Атина, меѓу кои болница, суд, како и метростаницата Синтагма, јави дописничката на МИА од Атина.

Мејлот, според грчките медиуми, бил напишан на англиски јазик, испратен во 7.20 часот утрово и полицајци вршат проверки на терен.

Превентивно бил евакуиран судот, а метрото функционира без прекин, меѓутоа не застанува на станицата Синтагма. ср/сд/

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR