• e shtunë, 22 shkurt 2025

Пратеникот Мика Алтола во ЕП: Трамп им даде три недели на европските земји да постигнат договор за „предавање“ на Украина

Пратеникот Мика Алтола во ЕП: Трамп им даде три недели на европските земји да постигнат договор за „предавање“ на Украина

Брисел, 21 февруари 2025 (МИА) - Соединетите Американски Држави им дадоа рок од три недели на земјите од Европската унија да постигнат договор за „предавање“ на Украина, објави денеска финскиот европратеник Мика Алтола.

„САД ни дадоа три недели да се договориме за условите за предавање на Украина. Ако не го сториме тоа, САД ќе се повлечат од Европа“, напиша Алтола на својот профил на мрежата Икс.

Тој оцени дека за американскиот претседател Доналд Трамп безбедноста на Русија е приоритет „и сега и во иднина“.

„Имаме три недели да пораснеме“, напиша Алтола, европратеник во групата на Европската народна партија (ЕПП).

Минатата недела Трамп ги изненади Европејците со тоа што се согласи на билатерални мировни преговори со Русија за ставање крај на војната во Украина, што предизвика загриженост во ЕУ дека неговиот пристап за завршување на конфликтот ќе биде од корист за Русија. паг/

Фото: ЕПА

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR