• e diel, 22 dhjetor 2024

По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро

По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро

Охрид, 22 декември 2024 (МИА) - Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на охридскиот Црвен крст денеска по 24-ти пат ја накитија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.

Традиционално и овојпат украсената елка блесна во езерските води кај Музејот на коските, каде ќе можат да ја видат сите гости што ќе го посетат Музејот за новогодишните и Божикните празници.

Како и секоја и оваа новогодишна елка нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести  со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат до крајот на јануари. аб/

фото/МИА

 

QËNDRONI TË LIDHUR