• e martë, 16 dhjetor 2025

Почна отстранувањето на урбана опрема на објекти во Куманово

Почна отстранувањето на урбана опрема на објекти во Куманово

Куманово, 16 декември 2025 (МИА) - Почна отстранувањето на урбана опрема на угостителски објекти во Куманово. Од општината денеска информираа дека извршувањето започнало откако некои објекти ја поставиле опремата без одобрение.

-Врз основ на тоа што одредени објекти немаат добиено одобрение за поставување на урбана опрема, согласно Одлука за поставување на урбана опрема донесена од страна на Советот на општина Куманово се врши отстранување на нелегално поставената урбана опрема. Во моментов налог за извршување има на четири објекти, но ќе се продолжи сè додека не исцрпат предвидените средства за отстранување. Доколку, самиот сопственик со свои средства го спроведе решението за отстранување, средствата од буџетот на општината се користат за иста намена за други објекти, велат од општина Куманово.

На последната јавна набавка, Куманово за оваа намена одвои три милиони денари. ам/вј/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR