• e premte, 22 nëntor 2024

Почина Ване Михајловски - фотографскиот хроничар на Велес и сопственик на поранешното радио „ЦД“

Почина Ване Михајловски - фотографскиот хроничар на Велес и сопственик на поранешното радио „ЦД“

Велес, 20 ноември 2024 (МИА) - По долго и тешко боледување, на 63 години почина велешанецот Ване Михајловски пасиониран вљубеник во фотографскиот апарат, хроничар фотограф, познавач на музиката и сопственик на поранешната локална радио станица „ЦД“ .Тој беше  голем поддржувач на граѓанските организации во јакнење на свеста на граѓаните за борба против канцерот, а  им помагаше на многу болни во Велес и Македонија. Тој беше и борец за правда и за права на граѓаните.

Ване Михајловски беше фотографски хроничар на Велес. Како урбан лик, тој низ фотографии ги овековечи сите знаменитости, културно- историски споменици, значајни делови од родниот Велес, во соседните општини и во земјава.  Беше автор и на стотици фотографии од повеќе и помалку значајни настани како и на бројни сограѓани.   

Ване Михајловски со својот фото апарат и негова сопруга новинарката Валентина Михајловска  во  неговото „ЦД“  радио, две години,  напорно работеа  на проектот „Македонски духовни храмови“ чии резултати се илјадниците фотографии и собрани пишани материјали за најголемиот број на православни македонски цркви и манастири во земјава.

На велосипед со фотографскиот апарат  сними видеа и фотографии од најубавите македонски предели а  влезе  и во пештери како дел  од експедиција што ги истражи водните потенцијали на планинскиот масив Јакупица, со изворите на реката Бабуна, под врвот Солунска Глава.

Негов придонес е велосипедската тура „На точак до Брисел“, која  возеше од Велес и попатно ги прикажуваше убавините на природата низ земјите на Европа .Тој  со тоа  покажа и докажа дека во борбата со тешката болест потребна се борбеност  и сила на духот во човечкото тело

Ване Михајловски  ќе биде погребан утре, 21 ноември во 13:00 часот на градските гробишта во Раштани кај Велес.ад/

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR