• e mërkurë, 18 shkurt 2026

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје

Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Сојузот на синдикатите на Македонија, денеска, со почеток од 11 часот, ќе одржи протест пред Владата, на булеварите Илинден и Свети Климент Охридски. Поради одржувањето на протестот, доколку се појави потреба, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните сообраќајници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

- Единицата за безбедност на патниот сообраќај од тие причини ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје - информираа од МВР.

Од МВР апелираа сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. бд/дма/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR