Поранешен фудбалер на Работнички поради војната на Блискиот Исток се врати во Сплит
- Поранешниот фудбалер на Работнички Емир Сахити мораше да го напушти Израел поради војната на Блискиот исток
- Post By Спорт Инфо
- 18:02, 10 mars, 2026
Сплит, 10.март 2026 (МИА) – Поранешниот фудбалер на Работнички Емир Сахити мораше да го напушти Израел поради војната на Блискиот исток. Воените случувања го принудија да замине од Тел Авив и со семејството да дојде во Сплит каде што претходно неколку сезони го носеше и дресот на Хајдук.
Сахити е играч под договор со Хамбургер (Бундес лига) и беше на позајмица во Макаби Тел Авив. Тој на пет натпревари постигна четири голови, а Макаби според германскиот Билд размислуваше да ја активира откупната клаузула на играчот од околу 500.000 евра.
Воената состојба придонесе тој преку Египет и Кипар да стигне до Хрватска каде ја очекува разврската и ја одржува физичката подготовка.
Шампионатот на Израел е прекинат, а од федерацијата планираат продолжување по паузата за репрезентативни настапи кон крајот на месец март. Тој не е единствениот фудбалер кој замина.
Сахити дресот на Работнички го носеше во периодот од 2015 до 2019 година кога направи трансфер во Хајдук. мн/
Фото: ЕПА