• e mërkurë, 11 mars 2026

Видиќ со поддршка за Керик

Видиќ со поддршка за Керик

Манчестер, 10.март 2026 (МИА) – Поранешниот играч од одбраната на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ даде поддршка за актуелниот менаџер на „црвените ѓаволи“ Мајкл Карик. Тој за својот соиграч смета дека постигнува добри резултати.

-  Мајкл и играчите ја имаат мојата поддршка. Се надевам дека ќе обезбедат Лига на шампиони, дека на Јунајтед местото му е во тоа натпреварување. Не треба постојано да им се врши притисок „што ќе биде после“. Карик има свое мислење, но нема да го даде ако не го прашате, изјави Видиќ.

Манчестер Јунајтед по 29 одиграни натпревари во Премиер лигата е на третото место на табелата со 51 бод колку што има и Астон Вила, додека Челзи и Ливерпул имаат три бода помалку. мн/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR